Со максимално почитување на мерките за заштита од коронавирусот, во одлична и динамична атмосфера се одржа дводневниот регионален семинар за транспарентност и одговорни политички процеси во Струга.
На семинарот предавачи беа Џабир Дерала, Петрит Сарачини, Биљана Јордановска и Дехран Муратов, кои одржаа низа интерактивни работилници во кои учесниците се запознаа со практични и теоретски содржини на повеќе теми како транспарентност, борба против корупцијата, медиумска писменост и препознавање на лажните вести и дезинформации, мониторинг на избори и на состојбите со човековите права и слободи.
Учесниците на семинарот преку практични вежби и дијалог понудија предлози за иницијативи во насока на креирање позитивни политики на локлано, но и национално ниво.
Семинарот беше одлична можност учесниците да се запознаат со проектите, иницијативите и активностите на ЦИВИЛ, но и како да бидат дел од организацијата.