Димитровска: Непристапноста до гласачките места најголем проблем за лицата со попреченост

Со Благица Димитровска, претседателка на Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“, разговаравме за предизвиците на лицата со попреченост во процесот на гласање за време на претседателските избори.

ЦИВИЛ Медиа: Кои права ги имаа лицата со попреченост во изборните процеси, а кои права ќе треба доправа да ги остварат?

Димитровска: За лицата со попреченост во овие две години, откако се вклучивме ние во застапување на нивните изборни и политички права има значителен придонес на органите на Државна изборна комисија за подготвување на ресурси и материјали за поддршка на оваа категорија на граѓани. Сепак, нагорливиот проблем останува, непристапонста на гласчаките местаВо нашиот извештај од мониторингот на референдумот се утврди дека 71% пд гласачките места не се пристапни од надворешната страна на влезот за лицата со попреченост. Кога ќе се запрашаме како е внатре, дека има скали, дека се гласа на втор кат, тогаш овој процент е многу поголем.  Лицата што се со телесна попреченост, што користат количка, воопшто не можат да гласаат.

Според нас, како „Инклузива“ најголемиот проблем е во системските решенија, односно во изборното законодавство што е поврзано со многу други закони за лицата на кои им се одзема деловната способност. Овие лица се бришат од Избирачкиот список. Воопшто како да не се жители на нашата држава. Тука треба да се менуваат повеќе закони, но засега нема слух.

Што се однесува до лицата што се згрижени во згрижувачки семејства,  што живеат во некој дргу град, подалечен од нивното место на раѓање, покрај пречките и финансиските недостатоци не можат да го остварат своето право на глас. За ова прашање мислам дека ќе има некое померување напред, но останува да видиме.

Секако, како проблем остануваат и избирачките одбори кои не се едуцирани за користење на овие ресурси што се потребни и немаат никаков однос што е пожелен да го имаат, бидејќи лицата со попреченост се луѓе и гласачи како и сите останати, а не да им се кажува дека треба да гласаат дома. Тоа не смее да се прави. треба задолжителна обука, но и казни за оние што не ги почитуваат правилата што се донесени од ДИК.

ЦИВИЛ Медиа: Кои активности ќе ги преземе „Инклузива“ за претседателските избори и дали сметате дека ќе можете да влијаете некои од овие препораки и потреби што ги имаат лицата со попреченост за време на изборите ќе се надминат? 

Димитровска: Секако дека ние продолжуваме да работиме на оваа проблематика и со поголем интензитет. Ќе продолжиме со едукација на самите лица со попреченост, со најоглем акцент кон лицата со оштетен вид, затоа што треба да им се објасни како да го користат шаблонот за гласање и дека постои граничник за потпишување и како тој се користи. Најмногу ќе се залагаме ИО да бидат едуцирани и да имаат однос кон граѓаните со попреченост кко кон секој човек. Ќе продолжиме да вршиме мониторинг. Тоа е нешто што сакаме да го шириме, бидејќи се покажа за многу полезно. Но не зависи од нас, туку сè зависи од финансиската поддршка.

„Инклузива“ го промовираше извештајот од мониторнгот на Референдмот 2018 во кој како најслаба карика беа оценети Избирачките одбори.

Сепак, како позитивен ефект од соработката на „Инклузива“ со ДИК е најавата на претседателот на ДИК, Оливер Деркоски, дека нивните јавни седници ќе се преведуваат на знаковен јазик.

Биљана Јордановска (текст и монтажа)

Камера и фотогорафија: Дехран Муратов