Министерството за правда ќе ги обнови разговорите на работната група за измени на Изборниот законик, најави министерката за правда Рената Дескоска на Конференцијата зборни реформи „Перспективите на македонските избори“.
„Беше изготвен одреден нацрт во кој ги имплементиравме препораките на ОБСЕ/ОДИХР, но ги немавме одговорите на политичките партии. Без оглед на тоа, ќе почнеме нови разговори. Новиот текст на законот ќе ги вклучат и актуелните прашања, како отворени листи и нов изборен модел, а МП ќе биде медијатор во процесот“, изјави Дескоска.
Таа нагласи дека Министерството за правда нема да поддржи ниту една реформа за која ќе нема консенсус од политичките партии.
This post is also available in: English