Деркоски: Изборите не претставуваат кластер за ширење на вирусот

„Предвремените парламентарни избори 2020 година завршија на добар начин и покрај сите предизивици кои ги имавме сите кои бевме во организација, финалниот извештај на ОБСЕ го покажува тоа, кој го добивме пред неколку дена. Организацијаа од страна на институциите беше одлично направено сите три дена, помина одлично и нормално со забелешката објавувањето на резутатите и објавувањето на резултатите, односно хакирањето на страната на ДИК. И покрај предизвиците од пандемијата тие избори на некој начин добро ги организиравме“, истакна Оливер Деркоски, претседател на ДИК на панел дискусијата „Изборни реформи: Желбите наспроти реалноста“ во организација на ЦИВИЛ во склоп на Фестивалот на слободата.

Дерскоски истакна дека предвремените локани избори во Штип и Пласница, со претходното искуство од минатотот лето, сега полесно ќе ги организираат и дека имаат поддршка од локалните изборни комисии.

„Изборите во летото и покрај стравовите се покажа дека изборите не претставуваат кластер за ширење на вирусот, местата за гласање беа заштитени, сите мерки беа превземени, се разбира имаше несовесни гласачи, но тоа во толкава организација е нормално согласно менталитетот на нашите граѓани.

Во Штип и Пласница имаме влошена здравствена состојба, но ги преземавме сите можни заштитни мерки за да не бидеме причинители за зголемување на бројките на заболени.

Измените кои беа направени пред изборите, не треба да се прават така, тоа постојано го потенцираме, не придонесоа за организацијата во процесот и промена на менталитетот на граѓаните, треба да донесеме законско решение за следните избори да го имаме, кој ќе ги затвори тие проблеми кои ги имаме.

Апелирам да се промени на праксата за промена на Изборниот законик често и во 5 до 12, за да им се даде на изборните органи вистински да го организираат процесот.

Најголема слабост кај нас е довербата кон институциите, и мораме да го јакнеме нивниот капацитет и чист добар изборен законик кој нема да отвора дилеми во организација и споведување на изборите“, нагласи Деркоски.

A.П.

This post is also available in: Albanian