Иако сите реакции во саботата се сведоа на еден џип со дипломатски таблици, сепак никој не обрна внимание на многуте паркирани автомобили на паркингот на средно Водно, како и на оние во движење во неделата.
Еден полицаец (внатре во автомобил) не е доволен да запре некој што набрзина ќе помине со мотор.
Истиот не може да се телепортира на средно Водно и да им кажува на тие што дошле пред 9.00 да не се симнуваат.
Забрана од 9:00 до 16:00 часот значи дека во тој период нема возење, а не дека тој што ќе тргне рано ќе биде привилегиран и ќе може да се врати кога ќе му текне. Ќе дојде и летен период кога луѓето поради жештините одат порано на Водно. Што фајде од тоа ако 500 луѓе со коли тргнат пред 9 и сите се враќаат кога сакаат?
Дамјан Темков
This post is also available in: English