„На лицата кои останале без работа или биле дел од неформалната економија им овозможуваме брз влез во системот за социјална заштита. За да ја добијат минимална гарантирана помош, материјалната необезбедност на лицата ќе се утврдува врз основа на вкупната просечна висина на сите приходи. на сите членови во домакинствата, по сите основи, сметано од последниот месец. Оваа мерка ќе трае два месеци април и мај, 2020 година.
Предвидена е уште една мерка за поддршка на постоечките корисници во системот на социјална заштита, тие ќе добијат дополнителна исплата на енергетски додаток за месеците април и мај, а тоа се околу 30,000 корисници кои ќе добијат по 1000 денари за месец април и мај. Целта е домакинствата во ризик да ги пребродат тешкотиите.“ соопшти на денешната прес конференција заменик министерот за труд и социјална политика, Ѓонул Бајрактар.
„Владата на вчерашната седница донесе Уредба со законска сила со која условот за потврда за редовност за исплата на образовниот додаток за третиот и четвртиот мерен период од 2019 -2020 година учебна престанува да важи. Тоа значи дека правото ќе продолжи да се исплаќа без разлика што имаме неодвивање на редовна настава, и не само за наредните месеци туку и за месеците во кои се одвиваше наставата односно за месеците јануари и февруари.
Исто така, се продолжуваат и сите рокови за обнова на правата, како што се еднократна парична помош за новороденче, продолжување на правото за родителски додаток за трето и четврто дете и тоа за три месеци сметано од денот на истекот на траењето на вонредната состојба.
Во однос на вчерашниот настан во Штип, сакаме да испратиме порака до сите нашите сограѓани, дека системот за социјална заштита функционира непречено и ги охрабруваме сите кои имаат потреба од било каква помош и поддршка особено оние кои се жртви на било какво насилство да се обратат во Центрите за социјална работа кои непречено функционираат и во овие вонредни услови“ истакна дополнителната заменик министерка Санела Шкријељ.
„Во однос на бездомните лица, МТСП и независно од состојбата обезбедува услуги како што се привремено сместување на бездомните лица, а особено во овие услови работевме на проширување на капацитетите за сместување на бездомните лица. На бездомните лица во координација со МВР им се обезбедува сместување, храна, здравствена заштита и хигиенски продукти. Во моментот според она што евиденцијата, регистрирани се 239 бездомни лица“ одговори Шкријељ на новинарско прашање.