Бачовска: Нашата корупција почнува од авион да се гледа

Универзитетската професорка Јасна Бачовска на Конференцијата за човекови права, правда и антикорупција „Следна Станица: Европа“  во организација на ЦИВИЛ по повод Меѓународниот ден на човековите права истакна дека ние имаме многу корумпирано општество и дека таа корумпираност ја поврзува со моралот и обичајот, односно дека корупцијата кај нас има историска позадина и дека насекаде ја гледаме истата.

„Јавната администрација меѓусебно се контролира, од мали подароци па до јавни набавки, ние сите гледаме и молчиме. Зошто да плаќам данок? Се сметам за личност со висока граѓанска свест, свеченост треба да ни биде данокот меѓутоа сум разочана бидејќи знам дека тие пари се користат за други работи. Нашата корупција почнува од авион да се гледа, сега имаме друга атмосфера можеби, меѓутоа како континуиран проблем имаме голем проблем со корупцијата. Кај нас толку луѓе се открија дека се кормумпирани, но никој не имаше последици поради тоа“, истакна Бачовска.

Според Бачовска, ние имаме многу ниска правна култура.

„Ние во 2015 година слушавме бомби, а никој не се соочи со санкциите, имаме проблем, тоа е тоа учење на населението, амортизирање на стравот. од казната не очекуваме дека парите ќе се вратат, поважно е да се општеството да се научи. Треба да се работи на етаблирање на правната култура, на санкциите, на решавање на проблемите, инаку проблемот нема да го решиме“, додава Бачовска.

Според неа, истражувачкото новинарството е најелитниот инструмент за справување со корупцијата во едно општество.

„Тие новинари сега се како агенции, формираат агенции, меѓународно се поврзуваат, работат сериозни работи, животот им е доведен во прашање и ние треба да ги негуваме. Тоа се инструменти кои треба да ги негуваме и да го јакнеме истражувачкото новинарство и да ги штитиме“, истакна Бачовска.