Лидерот на Левица и пратеник Димитар Апасиев, со навреди кон скопскиот градоначалник Петре Шилегов, нарекувајќи го „несреќа скопска“ и „пијандура непрокопсана“, отако пред неколку дена Пајак-службата на Град Скопје, му го подигнале возилото оти бил непрописно паркиран.
„Несреќо скопска. Па шо не кажуваш во јавност дека ист член од закон, до пред година дена си го толкувал на еден, а сега на друг начин – нормално, на штета на граѓаните! Така, за купено паркинг место во зграда, на скопјани си им наплаќал 5 отсто ДДВ, а сега одеднаш им наплаќаш 18 отсто, без притоа да има никакви законски измени во меѓувреме!? Или, еве, да ти нацртам: за паркинг кој чини 2.000 евра, наплаќаш неверојатни 20.000 денари данок. Дали си ти нормален бе, пијандуро една непрокопсана?“, напиша Апасиев на Фејсбук.
Откако Апасиев пред неколку дена ги нападна скопската пајак служба Несреќо скопска, дека „работи во спрега со урбаната мафија“, од кабинетот на градоначаникот Петре Шилегов испратија соопштение и фотографија со казната.
„Град Скопје со индигнација ги отфрла клеветите на пратеникот Димитар Апасиев, дека „Скопската пајак служба работи во спрега со урбаната мафија“. Градот работи исклучиво во корист на граѓаните и за заштита на јавниот простор. Жителите на општина Аеродром имаат воведено зонско паркирање и можат да паркираат до три автомобили по симболична годишна такса. Пратеникот паркирал автомобил на улица блокирајќи го протокот на сообраќај и непрописно паркираниот автомобил бил отстранет од службите. Градскиот паркинг постојано добива пријави од граѓани за блокирани тротоари и коловози и постапува по пријавите во согласност со законот, стои во соопштението.
Од таму истакнаа дека за службите на Град Скопје законите важат подеднакво за сите, па и за несовесните пратеници кои ги прекршуваат забраните за паркирање на автомобили на коловоз.
Дехран Муратов