Кандидатот за градоначалник на Штип, Гоце Ангелов, од Коалиција „Иднината во наши раце“, истакна дека во време на пандемија имаме недостаток на болничко сместување и ако стане градоначалник веднаш ќе продолжи изградбата на веќе започнатата болница, а која не е завршена.
„Како приоритет ќе ми биде да се искористат топлите води во Кежовица и таму да се направат спортски центри, отворен и затворен базен каде што ќе може сите, пред се младите да се рекреираат, бидејќи тие се голем благодет на градот. Други работи што се тековни ќе ги работиме во тек.
Тој истакнал дека доколку седне на градоначалничката фотеља ќе бара уште еден мандат на следните локални избори во 2021 година за да ги реализира своите зацртани проекти.
Ангелов ги повика граѓаните да излезат и да гласаат за кого мислат дека е најдобро.
Дехран Муратов
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Горан Наумовски