На фејсбук страната Балкан муви има експлицитен говор на омраза, навреди и клетви за актерката Шенка Колозова по објавениот текст на Галама.вебсајт со наслов: „Шенка Колозова се повлече на село: Коси трева, сече дрвја и се сеќава на Ѓорѓи“.
Покрај навредите за актерката, говор на омраза има и за ќерка и Катерина Колозова, нарекувајки ја „северџанка“, „дрогирашка“…
Институциите, не само што имаат право, туку имаат и законска и морална обврска да ги санкционираат поединците и организираните структури кои што шират говор на омраза и поттикнуваат насилство. Говорот на омраза не е слобода на говор! Институциите имаат обврска да реагираат и да ги санкционираат ваквите „патриоти“.
Д.М.