ЦИВИЛ ги повикува сите учесници во изборниот процес и изборната администрација да ги почитуваат набљудувачите и да не им ја попречуваат работата. Организацијата најостро ќе реагира на секој обид за опструкција на работата на набљудувачите и ќе побара од институциите да бидат строги во спроведувањето на законите.
Никој не смее да ги попречува набљудувачите во вршењето на нивната работа!
Да се биде набљудувач е одговорна работа. Беџот (акредитацијата) од Државната изборна комисија е документ кој подразбира одговорност и почитување на законите и демократските стандарди. Воедно, ЦИВИЛ ги повикува сите набљудувачи строго да се придржуваат кон Кодексот за набљудување и Изборниот законик и својата работа да ја вршат чесно и совесно. Без оглед на личните определби и симпатии, набљудувачите мора да бидат неутрални и непристрасни во текот на целиот процес.
ЦИВИЛ Тим за комуникации