Во близина на Народна банка или УЈП, на едно од зелените површини кај Маџир Маало во Скопје, пред неколку месеци никна импровизирана куќичка од даски, картони, лимени табли... Во таа куќичка живее една жена.
Пред неколку дена некој со пипс на „ѕидот“ на куќарката и остави порака „Вештерка“, вели анонимен граѓански новинар.
Пред извесен период имаше низа на медиумски содржини каде што се вршеше притисок кон надлежните институции жената да се отсели, бидејќи без дозвола ја изградила куќарката.