Граѓанските новинарки и новинари се носители на новинарството кое известува без страв и без услуги. Тие што сакаат да дознаат како паметните и храбрите можат да бидат успешни и видливи, и да бидат дирекни учесници во новите начини и методи на менување на светот, треба да се пријават на семинарот за граѓанско новинарство кој го организира ЦИВИЛ - Центар за слобода. Семинарот ќе се одржи во хотел Гарденија, Велес, на 14 април 2018 (сабота) од 12 до 17 часот.
[vfb id=3]
Преку граѓанското новинарство, граѓаните имаат можност да бидат контролори на работата на државните функционери и институции и ги принудуваат да работат како што треба.
„Граѓанското новинарство ги тера оние што зимаат државни пари навистина да ги заслужат“, истакна Џабир Дерала, на настанот на ЦИВИЛ за доделување на награди за граѓанско новинарство.
Секој втор месец најдобрите и највлијателните пет видеа, фотографии или пишани текстови кои ќе бидат објавени на граѓанскиот сајт Граѓански новинари на Македонија (clp.mk), ќе бидат наградени.
Право на учество на семинарот имаат сите полнолетни граѓанки и граѓани од општините Велес, Св. Николе, Градско, Лозово, Росоман, Кавадарци и Неготино.
#ГраѓанскиОбјектив е проект во кој се комбинираат истражувањето, медиумските активности и активизмот. Овој проект веќе трета година придонесува кон развој на граѓанското новинарство во земјата. Основна цел на проектот е да се придонесе кон транспарентни и одговорни политички процеси, да се зајакне јавната свест на политиките и практиките поврзани со човековите права и слободи.
Побрзајте и пријавете се!