Известувам без страв и без цензура

ЦИВИЛ - Центар за слобода утре во Битола ќе одржи мултимедијален настан „Известувам без страв и без цензура“, за промоција на проектот „Граѓански објектив“. 

На настанот кој ќе започне во 19:30 во „Рокафана“ во Битола ќе се презентираат основните податоци за проектот.

Според програмата, предвидени се проекции на најуспешните видео-стории на граѓански новинари кои во изминатите две години ги испратиле до редакцијата на ЦИВИЛ Медиа.

Исто така, ќе има и „отворен микрофон“ за оние кои сакаат да зборуваат за граѓанското новинарство како алатка за мониторинг на случаите на кршење на човековите права и на гласачкото право. На крајот од мултимедијалниот настан се предвидени стихови и музика на слободата.

 

 

 

 

 

 

This post is also available in: AlbanianEnglish