ЦИВИЛ денеска наградува пет прилози од граѓански новинар(к)и за изборни теми

ЦИВИЛ – Центар за слобода ќе додели уште пет награди за прилози од граѓански новинарки и новинари чија тема се изборите, денеска (8 декември) на церемонијата во хотел Сити Парк, со почеток во 12 часот. Со петте награди кои ЦИВИЛ ги доделува денеска, бројот на наградите од проектот „Граѓански објектив“, се искачува на 50 во изминатите 14 месеци.

Наградите се пет вредносни ваучери во висина од 30 до 110 долари. Освен наградите, добитниците имаат можност да се стекнат и со бесплатни примероци на изданијата на ЦИВИЛ, беџови, капи, но и да добијат можност да учествуваат на некој од бројните семинари или да се приклучат на тимовите на проектите кои ги спроведува ЦИВИЛ.

Поканети се сите заинтересирани граѓанки и граѓани, медиумите и невладините организации.

Проектот е финансиран од National Endowment for Democracy.


clp2-0-logo-website-1