ЦИВИЛ – Центар за слобода, во четвртокот во Градскиот трговски центар во Кочани организираше тричасовна програма со која го претстави Караванот на слободата и своите идеи за слободата и демократијата. Екипите на ЦИВИЛ заедно со активистите од Штип, споделија музика, џинглови со пропагандни пораки и флаери со стотици граѓанки и граѓани на Кочани.
Караванот на слободата е тримесечен фестивал, кој ги користи уметноста и културата за да влијае на засилување на граѓанската свесност и граѓанското учество. Тоа е динамичен мултимедијален проект, кој го поттикнува граѓанското учество во процесите на донесување одлуки на локално и национално ниво.