Здравствен работник во приватно време глуми „портпарол“ на ВМРО-ДПМНЕ

Македонскиот здравствен работник, велешанецот Ангел Драскачев (член на Унија на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ) „разочаран од скандалот“ со заразената пратеничка на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, која позивитна на Ковид-19 во скафандер и со амбулантно возило отиде да гласа во Собранието за да се донесе петиот пакет економски мерки, напишал: „Заслужувате да ги фрлиме скафандерите и униформите“.

Фото од Фејсбук на Ангел Драскачев

Фото од Фејсбук на Ангел Драскачев

Статусот на здравствениот работник го сподели и професорката Биљана Ванковска, како и Трајче Стојанов, инаку член на Левица, кој го споделил со коменатар: Медицинарите имаат да ви кажат нешто.

Улогата на здравствените работници е да лечат граѓани, а не да бидат партиски портпароли. Политиката треба да се отстрани од здравствените институции, особено во вакви услови на пандемија.

Д.М.