Завршија локалните избори во Општините Штип и Пласница. Според Државната изборна комисија, oдзивот на гласачи за Предвремените избори за Градоначалник на општина Штип и Пласница, до 18:30 часот е: во Општина Штип, гласале 14. 328 гласачи, односно 34.30 % и во Општина Пласница, гласале 1.959 гласачи односно 39.54%.
За тоа како се одвиваше гласањето, за излезеноста на гласање, како и резултатите после завршувањето на гласањето ЦИВИЛ организира панел дискусија која може да се следи во живо на Фејсбук каналот на организацијата.
Гостин на панел дискусијата е новинарот Војо Маневски.