Од дневникот на набљудувачите на ЦИВИЛ
Државната изборна комисија, како за претходните, така и за овие предвремени парламаентарни избори, одржани на 15 јули, донесе упатство за изгледот на беџовите за идентифиикација како на изборните органи, така и за домашните и меѓународните организации, странски новинари и медиуми што го следат изборниот процес на денот на гласање. Исто така, беџ за идентификација добиваат и овластените претставници на подносителите на листи на кандидати.
И покрај многуте извештаи кои укажуваат дека не секој член на избирачките одбори го носи беџот за идентификација, уште повеќе укажуваат за неносење од страна на овластените претставници на подносителите на листи на кандидати.
Но во два извештаи од набљудувачи на ЦИВИЛ, се спомнува иста ситуација со претседателите на избирачките одбори во две различни избирачки места во ОУ „Иднина“, Чаир и во П.У „Браќа Рамиз – Хамид“ во Шуто Оризари.
Имено, во избирачкото место 2903, ОУ „Иднина“ Чаир, набљудувачот на ЦИВИЛ бил прашан зошто не носи беџ на ЦИВИЛ. Набљудувачот покажал на беџот на ЦИВИЛ кој уредно го носел (жолт, правоаголен со логото на ЦИВИЛ и напис мониторинг). Претседателката и рекла дека не треба таков беџ да носи и и дала беџ од ДИК наменет за овластените претставници на подносителите на листи на кандидати. На нашата набљудувачка и рекла да си го пише името и организацијата и да го носи со себе. Набљудувачот го прифатил понудениот беџ и го пријави случајот и го приложи беџот кој му бил даден.
Иста ситуација настанува при посетата на наш набљудувач во избирачкото место 2973 П.У „Браќа Рамиз – Хамид“ во Шуто Оризари. Без да го праша било што претседателот на Избирачки одбор му дал беџ на нашиот набљудувач со зборовите да си го пише името и презимето и организацијата. Беџот повторно е наменет за овластените претставници на подносителите на листи на кандидати. Нашиот набљудувач се збунил зошто му даваат таков беџ, но без простор да праша било што го прифатил и случајот го пријави во ЦИВИЛ.
Мониторинг тим на ЦИВИЛ