Фејсбук страницата Следиме објави (вибер) преписка со содржина дека наводно СДСМ (ќе) купува гласови за престојните избори. Она што е сиптоматично е дека во преписката никаде не се спомнува СДСМ.
Интересно е и тоа што редоследот на четот е изместен, не е во иста линија како што би требало да изгледа едена преписка на чет, па вака се добива впечаток дека се работи за фотомонтажа. Најголемиот дел од коментарите на граѓаните е дека не веруваат во веродостојноста на оваа „информација“.
Но, има и такви кои веруваат во оваа лажна вест и ја споделиле на своите Фејсбук профили и во неколку патриотски Фејсбук групи, меѓу кои и движењето Бојкотирам.
Оваа дезинформација од Следиме ја објавиле и порталите Инфомакс.мк и Варитас.мк.Мониторинг тимот на ЦИВИЛ секојдневно детектира и архивира содржини со говор на омраза и разобличува лажни вести и дезинформации и дел од тие ги објавува на својата медумска платформа.
Мониторинг тим на ЦИВИЛ