Тричковски: Медиумската слобода е апсолутна!

БРАНКО ТРИЧКОВСКИ, новинар и колумнист

Медиумската слобода е апсолутна! Што значи дека ја нема.

Разбиен е системот на посредувани значења во кој одговорноста се формираше во однос на општото добро, со сите ограничувања и инструментализации на класичниот свет на модерноста и сега имаме атомизирана структура на апсолутната слобода и неодговорност односно на фактичкото ропство кое на човекот му е понудено преку илузијата дека е слободен во социјалните мрежи и во респектот кон бизнисот кој се потпира на симулации, симулакруми, интерпретации и врски, односно на корупции, измами и на неписменост на новинарите и на општата јавност.


По повод Светскиот ден на слободата на медиумите, сите содржини објавени на медиумската платформа на ЦИВИЛ на овој ден се достапни за објавување според лиценцата Creative Commons 4.0.