„Пописот е од суштинско значење, единствено што како партија не се согласуваме е да се одложи поради здравствената гледна точка“, вели Марјан Силјаноски, советник од ВМРО-ДПМНЕ, на панел дискусијата на ЦИВИЛ „Попис: Статистика, не политика“ во општина Гостивар, (на 11 март 2021 година).
„Во ек на пандемија бројките секојдневно растат и не треба да се одржи попис во овој период. Има доста земји што го одложиле пописот токму поради здравствени причини. Во есен или пролет да се пролонгира пописот. Голем број на граѓани се согласуваат со нас гледајќи ја поддршката што ја добиваме секојдневно.
Ние не сме за бојкот на пописот, бидејќи ни е потребен попис. Дебатата за законот за попис требаше да опфатат повеќе политички партии. Власта отфрли 40 амадмани од ВМРО-ДПМНЕ. Се согласувам дека пописот е математичка операција – а не политичка“, вели Силјаноски.
Неколку дена се собираа потписи и во Гостивар, во неколку акции за пописот да се одржи во соодветно време.
На прашањето како ги коментира изборите кои се одржаа минатата година во време на пандемија, тој истакна дека пописот е поинаква операција од изборите.
„Попишувачите одат кај луѓето дома, за разлика од изборите. Сега би имало поголем физички контакт“, истакна Сијланоски.
Дехран Муратов
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Мелиса Муриќ