Експресна реакција на МВР: Лицето кое се закануваше со убиство на новинари, повикано во полиција

По објавата на текстот Профилот под името Арбен Есати се заканува со убиство на новинари, МВР излезе со експресна реакција. За екстремниот говор на омразата и заканите по животот на новинарите од повеќе редакции информираше Мониторинг тимот на ЦИВИЛ, а организацијата побара соодветна реакција од релевантните институции. Веднаш потоа и ЗНМ излезе со соопштение во кое бара брза реакција од МВР и ЈО. 

ЦИВИЛ дознава дека лицето за кое станува збор во текстот, кој на социјалните мрежи се појавува со профил под името „Арбен Есати“, било повикано во полициска станица и со него е извршен службен разговор. Во координација со јавното обвинителство ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Мониторинг тим на ЦИВИЛ

This post is also available in: Albanian