Во динамичната и разновидна програма на Фестивалот на слободата, кој го организира ЦИВИЛ, предвиден е и диџејските настапи со наслов ЗВУЦИ. ДВИЖЕЊЕ.
Посетителите ќе имаат можност да ги проследат диџеј настапите на Марга Сол, Соња Исмаил и Дино Шкрињариќ во Музејот на Град Скопје, со почеток од 18 часот и ќе траат до 21 часот.
Фестивалот на слободата се одржува утре, 10 декември со почеток во 17:30 часот во Музејот на град Скопје. Идејата зад овој фестивал е одбележувањето на Меѓународниот ден на човековите права и слободи, но и 20 годишнината на ЦИВИЛ.
ЦИВИЛ тим за комуникации