МВР ги казни премиерот Заев и министрите Николовски и Филипче за неносење заштитна кацига

За сторен сообраќаен прекршок, неносење заштитна кацига, МВР ги казни премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Љупчо Николовски и министерот Венко Филипче.

Премиерот Заев, вице-премиерот Николовски и министерот Филипче ќе треба да платат по 50 евра во денарска противредност, за сторен сообраќаен прекршок.

Ова е прв случај од осамостојувањето каде високи државни функционери се соочуваат со казни заради сообраќајни прекршоци.