Зулбеари: Новинарите треба да го промовираат мултикултурализмот, а не да бидат партиски мегафони

„Нашите медиуми во најголем број се моноетнички и многу малку се известува за другите етнички заедници, освен ако има некои трагедии, посериозни инциденти или евентуално за верски празници и толку, како да се некој етнитет како да живеат во некоја друга планета, а не како луѓе кои живееме заедно и ги користиме истите услуги, го дишиме истиот воздух итн. Системот така е граден, две-три етнички заедници не се мешаат многу и немаат знаење едни за други, а стереотипите кои се појавуваат потоа се шират на социјалните мрежи и тоа само го потврдуваат. Тие новинари кои доаѓаат од таа средина, ќе работат во тој медиум кој е моноетнички, ќе продолжат да го потврдуваат тоа во кое веруваат. Нема толеранција и нема разбирање поради фактот дека не го знаат јазикот/религијата и не знаат едни за други“, вели Елида Зулбеари, уредничката на Порталб, на панелот на ЦИВИЛ: „Мултикултурализам и европски вредности во медиумите“.

Имаме проблем што нема превод на јазикот на другите заедници, но има превод на англиски јазик. Не дека ги мразат или имаат против, но воопшто не го ни размислуваат тоа. Ова е еден лош пример кој можам да го посочам. Ова непознавање и игнорирање доведува да имаме само еднострани вести или вести кои не се опширни и немаат интерес за сите. Јавниот интерес е јавен бидејќи живееме во мултиетничка држава. Мора да има постојано вести и информации за да ја информираат и другата заедница дека се соочуваме со истите проблеми. И од овој свет и од другиот има и криминалци и добри луѓе. Кога го креиравме Порталб ние направивме мост меѓу двете најголеми заедници во Македонија. За да можеме да го преведеме и кажеме тоа што се случува во македонската јавност, турската, албанската, сите заедници. На пример, ако во општина Струга има проблем, мора да се рапортира на сите јазици за сите да можат да бидат информирани, а проблемот да не се игнорира од некого. Преку тој пристап сите се чувствуваат како дел од неправда, правда или дел од тој систем. Појавата на онлајн медиумите само го потенцираше тој јаз.

Европските вредности не се само на Европа, туку тие мора да бидат и наши вредности. Ние како медиуми мора да бидеме професионални и да известуваме непристрасно. Новинарите треба да прават теми кои ќе го промовираат мултикултурализмот, а не да служат како мегафони на политичките партии. Вистински новинари се тие кои го почитуваат кодексот, а има доста „новинари“ кои вршат некоја агенда и само прават врева. Новинарот е гласот на немоќните“, истакна Зулбеари.

Д.М.
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети
фотографија: Биљана Јордановска