На полноќ започнува предизборниот молк

Дваесетдневната предизборна претседателска  кампања и кампањата за предвремени локални избори во општините Дебар, Охрид и Ново Село, завршува вечерва на полноќ, со што започнува предизборниот молк.

Утре, сабота 20 април, правото на гласање можат да го остварат   3.583 болни и немоќни лица, 1.600 затвореници сместени во затвор или куќен притвор, како и седум расселени лица кои се пријавиле во ДИК за гласање, како и граѓани од дијаспората, на 32 гласачки места во дипломатските конзуларни претставништва. Од дијаспората се пријавени 1.782 гласачи.

На единствениот избирачки список запишани се 1.808.131 гласач, а гласањето ќе го спроведуваат 80 општински изборни комисии на 3.480 избирачки места.