Анонимен граѓански новинар ни испрати фотографии во кои се гледа дека пајак службата не ја крена колата „мерцедес“ која била паркирана на тротоар во Скопје.
„Ова возило често е паркирано тука на тротоарот, спроти НЛБ Тутунска Банка, односно во близина на ЕУ Инфо-центар во Скопје. Пајак службата дојде да го земе возилото, но набрзо си заминаа празни. Веројатно возилото е на некој што пајак службата не смее да му го земе, односно може да паркира каде што сака“, додава анонимиот граѓански новинар.
Д.М.