Во динамичната и разновидна програма на Фестивалот на слободата, кој го организира ЦИВИЛ, предвиден е и програмскиот блок со поезија и перформанси со наслов ЗБОРОВИ. ДВИЖЕЊЕ.
На сцената во Музејот на град Скопје ќе ги видиме младата актерка и видео колумнистка Владанка Димковска и активистот Петрит Сарачини. Овој блок предвидува многу ангажирана поезија како и монолози од „Диво месо“ на единствениот Горан Стефановски.
Иако не е објавен во програмата, се очекува со свој перформанс да настапи и Џабир Дерала.
Фестивалот на слободата се одржува утре, 10 декември со почеток во 17:30 часот во Музејот на град Скопје. Идејата зад овој фестивал е одбележувањето на Меѓународниот ден на човековите права и слободи, но и 20 годишнината на ЦИВИЛ.
ЦИВИЛ тим за комуникации