Дино Шкрињариќ: Уметниците да се ослободат од стегите на цензурата

Идејата и љубовта кон диџејството кај Дино се родила уште кога бил многу мал, тој раскажува за грамофонот и плочите што ги имала неговата баба во тоа време и дека тој често скречувал на нив. Дино на своите настапи како диџеј пушта најчесто пушта хип-хоп музика, но понекогаш соединува и други стилови како фанк, соул, џез, рнб…

„Публиката ужива во моите настапи, и тоа е навистина добро. Најчесто настапувам во „Бифе Тафталиџе“, каде публиката ужива, дури ми бараат и некои песни да им пуштам, што според мене е навистина добра работа“, вели Дино.

Го прашавме Дино што мисли за сцената во Македонија, за тоа колку артистите, диџеите, уметниците… имаат простор да се изразуваат.

„Како што приметувам во последниве неколку година на телевизија никој од нашиве хип-хоп артисти не се појавува, затоа што во последно време цензурата владее како на телевизија, така и на радио станиците . Мислам дека треба да го надминат тоа, затоа што единствен начин артистите да се докажат е токму преку медиумите“, вели Дино.

Дино е и раководител на своја емисија, која се вика „Хип-Хоп манија“ и се емитува на Радио МОФ.

„Идејата за хип хоп манија започна во 2016 година. Имаше конкурс на Радио МОФ и јас се пријавив. Бев многу возбуден дека ќе водам своја емисија. Можам да се пофалам за овие 4 сезони досега, а моментално се емитува и петтата сезона, дека „Хип-Хоп манија“ е една од брендовите на Радио МОФ кој ја негува, заштитува хип хоп културата во нашата земја“, додава Дино.

Во однос на човековите права, Дино смета дека тие се почитуваат, а таква е и неговата порака, дека сите треба заедно да се почитуваме, без разлика на тоа на која етничка или религиска група припаѓаме.

ЦИВИЛ – Центар за слобода на 10 декември ќе го одбележи Меѓународниот ден на човековите права, а воедно и 20 години од основањето на организацијата, со Фестивалот на слободата, кој ќе се одржи во Музеј на Град Скопје, со почеток од 17:30 часот, каде свој настап со диџеи сетови ќе имаат Соња Исмаил, Марга Сол, ДЈ Дино, и концерт на Јон Ајди и Фолтин.

Ангела Петровска
камера: Атанас Петровски
монтажа: Ариан Мехмети