Зајди, зајди јасно сонце…, пензионери пеат во автобус на ЈСП

„Црни горо, црни сестро, двајца да црниме, ти за твојте лисја ле горо, јас за мојта младост…“, ова е една од многуте песни што пензионерите ја пееле во автобусот на ЈСП со број 53, кој вози до Катлановска бања, известува граѓански новинар.

Пензионерите секој вторник и петок го користат бесплатното возење, додека вчера, на 20 јули, покрај прошетката до Катлановска бања, тие го прославија и христијанскиот празник Св. Недела, каде што запалија свеќи и се помолија во црквата која се наоѓа во истото место.

Д.М.