На избирачки места во Општина Аеродром и во Општина Центар на медиумски екипи им била попречувана работата, со тоа што не им бил дозволен влез на избирачките места и фотографирање.
До 12:20
До 12.20 часот 160-те набљудувачи на ЦИВИЛ-Центар за слобода до аналитичкиот тим на ЦИВИЛ доставиле 86 пријави за нерегуларности. Значителен дел од нерегуларностите се поради проблеми со избирачкиот список.
На 15 избирачки места се регистрирани неправилности поврзани со избирачкиот список, а до 12.20 часот набљудувачите на ЦИВИЛ регистрирале најмалку 35 случаи кога граѓани биле оневозмоени да го остварат своето уставно право на глас поради тоа што ги немало на избирачкиот список.
Регистрирани се и инциденти во кои медиумите биле оневозможени да известуваат за изборниот процес од избирачки места. На избирачки места во Општина Аеродром и во Општина Центар на медиумски екипи им била попречувана работата, со тоа што не им бил дозволен влез на избирачките места и фотографирање.
На ИМ 1539/1 во училиштето во населбата Калиште, во Општина Пробиштип, седуммина гласачи немало на Избирачкиот список, и откако не им било дозволено да гласаат биле препратени да проверат на друго место. А на ИМ 1884 во училиштето во селото, Уларци, во Општина Чешиново-Облешево, поради истечена лична карта на осуммина граѓани кои денеска извадиле нови лични карта, сепак не им било дозволено гласање.
На ИМ 0087 во ОУ „Ѓорѓи Сугаре“ во Општина Битола, еден гласач го немало на Избирачкиот список.
На ИМ 2572 и 2573 во ОУ „Мирче Ацев“ во Општина Ѓорче Петров, немало по еден граѓанин во Избирачкиот список, биле препратени во ОИК, а според набљудувачката на ЦИВИЛ, во тоа време, во просториите на ОИК немало никој.
На ИМ 2258 во Противпожарниот дом во Општина Штип, еден граѓанин го немало во ИС и покрај важечка лична карта.
На ИМ 2851 во училиштето „Јосип Броз Тито“ во Општина Центар, набљудувачот на ЦИВИЛ забележал случај на семејно гласање и случаи на граѓани кои не можеле да се најдат на Избирачкиот список.
На ИМ 1055/1 во средното училиште „Моша Пијаде“ во Општина Куманово, двајца граѓани кои ги немало во ИС иако нивните сопружници ги имало, ИО ги испратил во ОИК.
На ИМ 1254/1 во ЈП „Охридски Комуналец“ во Опшитна Охрид, гласач со нова лична карта го немало во ИС.
На ИМ 0948 во ОУ „Јоаким Крчовски“ во Општина Крива Паланка, едно лице со нова лична карта, не можело да гласа поради различните податоци во Избирачкиот список. Ист таков случај имало и на ИМ 0950, во истото училиште, но тогаш Избирачкиот одбор ја контактирал ОИК, од каде дошле двајца членови, направиле увид и записник, по што на тој гласач му било дозволено да гласа.
На ИМ 2363 во МЗ Зелениково, во Општина Зелениково, гласачка ја немало на ИС.
На ИМ 2229 во село Лисиче во Општина Чашка, три граѓани не го оствариле своето право на глас затоа што ги нема на Избирачкиот список.
На ИМ 2570 во Општина Ѓорче Петров, починато лице сѐ уште е во Избирачкиот список.
На ИМ 2281 во ПОУ „Тошо Арсов“ во Општина Штип, набљудувач на акредитирана странска организација инсистирал тој да работи на УВ ламбата, а револтирана граѓанска од фактот дека нејзиниот поранешен сопруг, кој со години не живее во државата, се уште е на ИС, наместо да се потпише, го пречкртала тој избирач на списокот, по што дошло до расправија со одборот, а интервенирала и полиција.
На ИМ 1690 и 1691 во ОУ „Ѓорѓија Пулески“ во Општина Аеродром, не им било дозволено на новинарите и фоторепортери од еден дневен весник и една агенција да фотографираат..
На ИМ 2398 во ОУ „Крсте Мисирков“, во Општина Гази Баба, членови на ИО правеле „селфи“, со шеги дека една фотографија е за Инстаграм, а другата за Фејсбук.
На ИМ 0737/1 во ОУ „Санде Штерјоски“ во Кичево, ИО работел со затворена врата наместо со ширум отворена, а на ИМ 0728 за првиот гласач зад параванот немало пенкало.
На ИМ 2282 во ЈП Македонски железници во Штип, членовите на ИО не можеле да отклучат бидејќи клучот не им бил испратен од Општината. Од Општината тврделе дека го испратиле клучот во коверт, а од ИО дека ковертот бил празен. Според еден член на ИО и еден припадника на МВР, клучот е пронајден кај поранешен претседател на тамошната Месна заедница. Гласањето сепак, започнало во 7 часот.
На ИМ 2247 во ОУ „Димитар Влахов“ во Општина Штип, набљудувач на политичка партија ја фотографирал гласачката кутијата со телефон.
Во близина на ИМ 0891 во ОУ во селото Мордовис во Општина Зрновце, претседател на локалниот огранок на една партија вршел агитација, зборувајќи им на граѓаните што доаѓале да гласаат, дека знаат оти треба да заокружат одреден број.
Во ИМ 737 во Домот на култура во Општина Кичево, биле излепени плакати на еден од кандидатите, кои по интервенција на ИО биле отстранети и гласањето почнало на време.
На ИМ 2849 во ОУ „Гоце Делчев“ во Општина Центар, немало параван за лица со посебни потреби.
На ИМ 2274 во МЗ „Славчо Стојменов“ во Општина Штип, претседателката на ИО ги читала имињата на гласачите на глас, а по предупредувањето одговориле: „Па зошто одиш на гласање?“.
На ИМ 2843 во ОУ „Песталоци“ во Општина Центар, гласач пријавил дека е заборавено гласачко ливче зад пултот, по што членовите на ИО се договориле да го стават во кутијата, бидејќи уредно било заокружено име на кандидат на ливчето.
На ИМ 2117 во ОУ „Александар Здравковски“ во Општина Јегуновце, член на ИО го напуштил ИМ и пред локалното кафуле извикувал дека „Вечер ќе слават!“
Според пријава на граѓанин на дежурните телефони на ЦИВИЛ, на ИМ 836/1 во Детската градинка во Општина Кочани, лицето од Избирачкиот одбор задолжено за контролата со УВ лампата и лицето задолжено за проверка на документите за лична идентификација, на глас ги читале имињата на избирачите и другите податоци – како адресите, на пример. .
На ИМ 2934 во ОУ „Никола Вапцаров“ во Општина Чаир, активисти на една политичка партија прашувале за излезноста и делеле банички за сите членови на ИО по училниците.
На ИМ 2514/1 во ОУ „25 Мај“, во Општина Гази Баба, при проверка со УВ ламба се утврдува дека гласачот е претходно испрскан со спреј. Гласачот е препознаен од член од Избирачкиот одбор, како член на друг ИО, но гласачот се правдал дека работел со спреј пред да дојде да гласа и затоа бил испрскан. Дел од членовите на ИО не сакале да му дозволат да гласа, но под притисок на останатите членови, сепак, му било дозволено.
На ИМ 1042 во ОУ „Наим Фрашери“ во Општина Куманово, набљудувачката на ЦИВИЛ била прашана колку време ќе се задржи на Избирачкото место.
На ИМ 1001/1 во истото училиште во Куманово, не била овозможена тајност на гласањето, зашто параваните се поставени на страна, покрај клупите од каде се гледа гласачот. Еден гласач им дал пари на членовите на ИО „за да купат кафе“.
На ИМ 1253 во ОУ „Глигор Прличев“ во Општина Охрид, член на ИО задолжен за потпишување на гласачите во списокот, ги прашувал гласачите дали ќе гласаат и за претседател и за градоначалник, без претходно тие постават прашање.
Двете ИМ 0092 и 0093 во Месната заедница „Димитар Влахов“ во Општина Битола, биле во иста просторија, а на 0093 е забележан случај на семејно гласање.
На ИМ 2762/1 во градинката „8 Март“ во Општина Кисела Вода, член на ИО не бил означен со акредитација, како и член а ИО на ИМ 2740 во ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ во истата Општина, кој и ги читал на глас имињата на гласачите.
На ИМ 2843 во ОУ „Песталоци“ во Општина Центар било дозволен случај на семејно гласање.
На ИМ 77 и 78 во МЗ „Стево Патако“ во Битола, членовите на ИК користеле мобилни телефони на самото избирачко место.
На ИМ 2816 во ОУ „Димитар Миладинов“ во Општина Центар, параванот наменет за лица со посебни потреби, бил поставен до ѕидот и непристапен.
На ИМ 2674 во ОУ „Димитрија Миладинов“ во Општина Аеродром, членовите немале лењир за одделување на ливчињата од кочанот, а еден од членовите изјавил дека не знае каде треба да стави печат на гласачкото ливче. Во ИМ 2682 во истото училиште имале проблем со УВ ламбата, по што ја замениле со друга.
На вработен во Општина Бутел од една партија му побарале листа со име и презиме на 20 лица кои ќе гласаат за еден кандидат.
На ИМ 2281 во ОУ „Тошо Арсов, во Општина Штип, несоодветно бил наместен параванот, со пто била нарушена е тајноста на гласањето.
На ИМ 1947 во ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ во Општина Тетово, немало услови за лица со инвалидитет да дојдат до гласачкото место.
На ИМ 1258/1 во Противпожарниот дом во Општина Охрид, лице кое и помагало на неписмена жена да гласа, не се тргнало од параванот, на глас и сугерирало за кого да гласа и наместо неа, тој го внел ливчето во кутијата.
На ИМ 2900/1 во ОУ „Иднина“ во Општина Чаир, имало проблеми со поставеноста на параванот, а едно лице било распрашувано додека било на гласачкото место.
На ИМ 2273 во МЦ „Панче Караѓозов“ во Општина Штип, параваните за лица со попреченост се свиткани и ставени на страна, еден од партиските набљудувачи немал акредитација, а член на ИО коментирач постови на Фејсбук.
На ИМ 2694 во ОУ „Ѓорѓија Пулески“ во Општина Аеродром, член на ИО на мобилната набљудувачка на ЦИВИЛ која заминувала на друго ИМ, и се обратил со зборовите: „И јас и ти ќе земеме иста дневница!“.
На ИМ 0577 во ОУ „Ванчо Прке“, во Делчево, член од ИО скришум ги фотографирал набљудувачите.
Во Струмица, покрај Музичкото училиште, во кое се сместени две избирачки места, два автомобила биле паркирани, со четири и три лица во нив, а секој што ќе влезе во училиштето да гласа мора да помине покрај нив. Поздравуваат дел од гласачите, а ги запишуваат во тефтер оние со кои се поздравуваат.
ЦИВИЛ Тим за комуникации