Започна панел дискусијата на ЦИВИЛ „Попис: Статистика, не политика“ во општина Гостивар. Учесници на панелот се Арбен Таравари, градоначалник на општина Гостивар, Бесим Мемеди, претседател на совет, Зоран Ангелов – координатор на советничка група на СДСМ, Марјан Силјаноски, советник од ВМРО-ДПМНЕ, Кашмир Салиу- советник од ДСР. Панелот го модерира Џабир Дерала, ЦИВИЛ.
Во согласност со мерките за заштита од Ковид-19, панел дискусијата ќе биде одржана без публика, но ќе биде пренесувана во живо на Фејсбук страницата на ЦИВИЛ, а содржините што ќе произлезат од панел дискусијата ќе бидат објавени на медиумската платформа на организацијата на македонски, албански и англиски јазик. Посебни видео прилози ќе бидат објавени и на YouTube каналот на ЦИВИЛ. Како и секогаш, редакциите со кои ЦИВИЛ има соработка се поканети да ги преземат сите медиумски содржини со соодветна атрибуција и линк.
This post is also available in: Albanian