Влада на РСМ: Лажна вест е дека ќе се менуваат имиња на градови

Од Владата на РС. Македонија на Твитер објавија дека порталот Пресингтв.мк објави лажна вест дека во следниот период се oчекува да се избршиле „Македонска“ од името на гратчето Македонска Каменица и таа ќе остане само Каменица, додека најверојатно новото име на Македонски Брод ќе биде Брод на Република Северна Македонија или само Брод.

„Ова е лажна вест. Ниту едно име, ниту еден македонски град нема да биде променет. Граѓаните имаат право да бидат точно информирани. Затоа сите чинители во општеството имаат огромна одговорност пред јавниот интерес. Ваквите манипулации се прават само за да се вознемират граѓаните“, објави портпаролот на Владата на РСМ на Твитер.

Д. М.