„Гнојот северџгански прифатил ослободување на монструмите од УЧК“, гласи Фејсбук статусот со говор на омраза на Зоран Бобов, споделувајќи лажна вест на порталот Лидер.мк, (повикувајќи се на порталот Лајмпрес) дека наводно има политички договор меѓу Зоран Заев и Али Ахмети за повторно враќање на предметот „Диво Насеље“ на првостепено разгледување, иако апелација веќе ги потврди казните.
Но, кој е мразачот Зоран Бобов?
Според податоците на неговиот Фејсбук профил стои дека е од Скопје, работи во Агенција за катастар на недвижности, дека образование завршил на УКИМ и нема податоци за љубовниот статус.
Ќе ви пренесеме само дел од неговите Фејсбук објави и коментари кои изобилуваат со говор на омраза кон претставниците на актуелната власт, како и кон припадниците на албанската етничка заедница.
Лажната вест дека вицепремиерот за борба со корупцијата Љупчо Николовски „си купил 3 стана“, која ја споделил Бобов со коментар: „Пешко многу се опуштил. Ај па кога ќе биде во Идризово често ќе му паѓа сапунот на бањање, чунки тој голем мераклија е“.
Мразачот Бобов на 12 декември 2020 година, објави фотографии од пратениците на СДСМ со раскрварени глави од упадот во Собранието на 27 април со коментар: „искрвавија за голема Албанија“. На оваа објава има низа на коментари со говор на омраза.
Дел од коментарите се со посакување на смрт на пратениците од актуалната власт, па така Соња Петровска Цоци прашува: „А да починаа за г.а.“, пришто Весела Зердевска и реплицира „Барем ќе имаше за што да лежат Уставобранителите. Ама ќе не спасеа од овие македонски крвници“.
На мразачот Зоран Бобов му се допаѓаат страниците „Македонски еротски песни и сказни“, „Апасиев факти“, „Правда за Митко Чавков“…
Бобов го споделил статусот на пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев со кој предвидува какви ќе бидат резултатите од пописот, и додал „Тоа е тоа“.
Но очигледно на „патриотот“ Бобов кој цело време објавува за „северџгани“, „УЧК“, „предавници на македонскиот народ“ итн… не му пречи да ја следи на социјалните мрежи и да ја слуша албанската пејачка Аделина Тахири.
На Бобов веројатно поубаво му е да им верува на медиумите кои сака да го лажат и манипулираат, отколку на тие што се професионални. Тој го споделил повикот да се бојкотираат одредени медиуми, меѓу кои и ЦИВИЛ Медиа, додавајќи коментар: „Бојкот на овие антимакедонски медиумско платенички џукели“!
Говорот на омраза не е слобода на говор! Институциите имаат обврска да реагираат и да ги санкционираат ваквите „патриоти“ и мразачи како што е Зоран Бобов.
Д.М.