Иако поминаа речиси три месеци од предвремените парламентарни избори во земјата, црната кампања продолжува. Во извештај кој ни го испрати граѓански новинар од Кичево, поткрепен со фотографии, јасно се гледа тенденциозноста на ваквата црна кампања.
Низ Кичево, во поштенските сандачиња на граѓаните осамна пропаганден материјал на кој е прикажан претседателот на СДСМ, Зоран Заев, а во позадината стои географска карта на Голема Албанија. На летоците е испишан цитат на Заев: „Ние не бегаме од платформата, имаме позитивен аспект кон неа!“ и „Не се согласуваш? Активирај се!“
Граѓанскиот новинар додава дека овој материјал е отпечатен на високо квалитетна хартија и се прашува од каде се парите за ваквата кампања?