Граѓан(к)ите бараат одговори!

ЦИВИЛ - Центар за слобода продолжува со иницијативата „Барам одговор!“. Граѓанските новинарки и новинари се тие кои го менуваат светот и без страв прашуваат и бараат одговори од надлежните органи. Идејата е преку видео, или селфи видео, граѓанките и граѓаните да постават прашање на политичар/политичарка или јавна личност, градоначалник/градоначалничка, институции (здравство, образование, полиција, труд и социјала…), буквално, на сите надлежни институции и лица кои сметаат дека треба да дадат одговор во однос на некое прашање кое ги засега. Видео снимката ЦИВИЛ ќе ја објави на своите онлајн канали, а прашањето ќе биде адресирано до соодветната институција или јавна личност до кого е упатена.

Доколку граѓан(к)ите сакаат да останат анонимни, има опција да се снима објект, таблата со името на некоја институција или некоја ситуација, додека се поставува прашањето.

Прашањата пратете ги во видео формат (селфи видео) на Фејсбук страницата на ЦИВИЛФејсбук страницата на граѓанските новинар(к)и (приватна порака) или на [email protected].

Прилозите во кои не се гледа ликот на авторката/авторот, се подразбира дека ќе бидат анонимни, а ЦИВИЛ нема да го открие идентитетот. Во секој случај, ЦИВИЛ мора да го знае идентитетот и контактот на поставувачот на прашањето, кои секако, нема да ги открие.

На Фејсбук страницата на ЦИВИЛ излегоа неколку видеа во кои граѓаните поставуваат прашања до институциите со прашања кои, на пример, се однесуваат на подобрување на здравството во Македонијана иднината на младите, како и промотивното видео со кое се повикуваат граѓанките и граѓаните да проговорат, да снимаат и фотографираат, со овозможен слободен простор на онлајн каналите на ЦИВИЛ, за јавен притисок кон институциите што често се глуви за проблемите со кои се соочуваат граѓаните.

Приклучете се на Инцијативата „Барам одговор“!

Д.М.