ЦИВИЛ со осуда на секој облик на креирање и ширење дезинформации и омраза по било која основа и на било кој начин

ЦИВИЛ, како организација за човекови права и слободи, која во континуитет спроведува мониторинг на општествените и политичките процеси, како и на дезинформациите и говорот на омразата. Организацијата остро го осудува секој облик на креирање и ширење дезинформации и омраза по било која основа и на било кој начин.

„Лицата на јавни функции или на одговорни позиции во општеството или администрацијата, јавните личности и политичарите имаат обврска да бидат посебно внимателни во своите јавни настапи, без оглед на тоа дали се работи за приватен профил на социјалните мрежи или друг вид јавна комуникација“ – изјавија од ЦИВИЛ денеска.

Организацијата има долго искуство во мониторингот на црната пропаганда и злоупотребата на слободата на говорот чија цел е да се пласираат манипулации, дезинформации и говор на омразата во медиумите и социјалните мрежи.

Оттаму, проѕирни се обидите за дискредитација на организацијата и прозивките на социјалните мрежи за поединечни случаи на говорот на омразата кои доаѓаат токму од групи кои се познати по креирање и ширење на црната пропаганда.

ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани да пријавуваат дезинформации и говор на омразата преку онлајн Граѓанска пријава, како и во директна комуникација со организацијата.

 


Преземањето и споделувањето на оваа содржина е пожелно и добредојдено.