ЦИВИЛ мета на говор на омраза!

Како се доближува датумот на избори, така расте и говорот на омраза. Мониторинг тимот на ЦИВИЛ бележи експлицитен говор на омраза кон организацијата од лицето кој на Фејсбук е потпишан како Тони Лапе Марков.

Тој вулгарно коментира на официјалната Фејсбук страница на ЦИВИЛ под текстот кој е објавен на ЦИВИЛ Медиа: „Мицкоски на партиски собир повторно ги прекршува мерките и препораките!“.

Според неговите податоци на Фејсбук пишува дека работел во МВР.

ЦИВИЛ Медиа побара одговор од МВР дали навистина лицето Марков работeл во МВР, и какви мерки ќе преземат за неговиот недоличен коментар, но до овој момент одговор не добивме.

Д.М.