На дебатата на ЦИВИЛ – „Државата за граѓаните или граѓаните за државата“, еден граѓанин од публика истакна дека ЦИВИЛ беа гласни во времето кога информациите беа дезинформации и кажуваа работи што беа битни за граѓаните, а не тоа што некој други сакаа да ни пласираат.
„Дебатата е одлична, меѓутоа имам една забелешка, зошто не ги поканивте да дојдат и претставниците на власта, бидејќи овие одлични поенти на панелистките ќе завршат тука и никој од власта нема да ги слушне“, рече еден граѓанин на панел дискусијата.
На добронамерната критика одговори Џабир Дерала од ЦИВИЛ, дека пораките сепак ќе стигнат до институциите и политичарите.
„Секогаш уредно ги покануваме сите, меѓутоа ако некој не дојде на панел дискусијата тоа не значи дека пораката нема да стигне до нив. Напротив, сите пораки и критики стигаат до тие на кого се упатени, преку нашите медиумски и онлајн канали. Како пример ќе спомнам дека во 2016 година кога го добив ЦД-то со прислушуваните раговори, јас искоментирав дека мислев оти никој не нè слуша што збориме и дека залудно нешто критикуваме, а всушност тие сè слушаа“, истакна Дерала.
Дехран Муратов
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Ариан Мехмети