Споменатото комбе од акцијата на МВР не е сопственост на фирма на Заеви. Ниеден од уапсените не е вработен во ниедна фирма на Заеви, напиша денеска на својот фексбук профил братучедот на Зоран Заев, Трајче Заев, во врска со обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ, за негова поврзаност со акцијата на МВР во која беше запленета голема количина на марихуана.
-Два дена по ред следам како еден политички субјект исклучиво заради сопствени политички цели се обидува да го извалка моето име и името на компаниите во сопственост на Заеви. За да биде јасно на целата македонска јавност, а посебно да се знае за злонамерната цел на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, сакам да го објавам следното: Споменатото комбе од акцијата на МВР не е сопственост на фирма на Заеви. Ниеден од уапсените не е вработен во ниедна фирма на Заеви, пишува Трајче Заев.
Тој додава дека е на службено патување од 23 март во Обединетите Арапски Емирати, со цел проширување на работата на нашите компании, отварање на нови пазари за домашни македонски производи и стекнување на нови партнери за соработка.