Градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари на панел дискусијата на ЦИВИЛ „Попис: Статистика, не политика, се осврна на тоа да се искористи можноста да се попише населението, бидејќи ни требаат точни бројки.
Јас ќе почнам прво како граѓанин, државата мора да има и добро е да има попис бидејќи од 2002 немало друг попис, иако почнаа во 2011 но не се разјаснети причините зошто се стопираше тој процес. Како градоначалник многу ми е битно да се спроведе пописот бидејќи имаме училишта градинки патишта и други работи кои планира да се спроведат тие работи, но мора да се преброиме колку сме за да знаеме како да планираме понатамошно повеќе градинки, училишта. Треба да се видат по селата колку граѓани има и да планираме тие деца каде да учат, рече Таравари.
-Помалку ќе чини да се пратат деца по 5-6 км до некое друго училиште отколку да се плаќаат наставници за многу малку деца. Не може еден наставник да предава математика на 4то, 5то и 6то одделение. Јас инсистирам како градоначалник месните заедници да бидат ангажирани околу пописот. Пописот не е политика туку е математика. Добро е да знаеме колку сме за да можеме да ги планираме работите. Како секретарот за алијансата имавме забелешки бидејќи се донесе многу набрзина, без тоа да биде јавно и да се дискутира. Законот за попис треба да се донесе 6 месеци пред да се одржи пописот а тука се донесе некаде средина на јануари 3 месеци пред да се спроведе. Нам ни треба математика со точни бројки. Ние побаравме заедно со законот да биде во парламент и методологијата да нема забуни дека некој игра некаква игра во оваа математичка операција. Многу ке беше подобро да се донесе законот со апсолутен консензуз. Битно е математичката операција да донесе точни бројки за да може да се планира здравството образованието итн.
-Како општина ги известуваме институциите кога ке слушнеме дека некој од не резидентните имаат проблеми со попишувањето. Бројките кои ги добив утрово се разочарувачки, луѓето кои живеат привремено во странство немаат мотив за пописот. Како општинска организација веке кажавме дека сме тука и соработуваме со ДЗС и стоиме да бидеме full support за се што треба до крајот на попишувањето. Ја користам можноста да ги повикам граѓаните кај нас и тие што се надвор да ја искористат можноста да се попишат. Многу сум оптимист дека ова е последен попис што во државата ке се извадува физички. Во странство кога им треба попис на секои 6 месеци пуштаат апликации и населението се попишува онлине. Што ќе постигнат малите партии што ќе сакаат да го бојкотираат пописот? Што ке постигнат со тоа? Јас ги повикувам да подразмислат убаво, најмногу за нивните деца, порача Таравари.