Рефлектор: Изборен молк без молк

ЦИВИЛ, организација за човекови права и слободи, која ги набљудува изборните процеси од 2008 година, пред почетокот на изборниот молк, на социјалните мрежи упати порака до своите 314 набљудувачи. Секој набљудувач на ЦИВИЛ ги почитува законите и Уставот на РСМ, Кодексот за набљудување и Изборниот законик, како и основните принципи на ексклузивност и непристрасност и максимално почитување на мерките за заштита од корона вирусот.

Во пресрет на парламентарните избори, ЦИВИЛ денеска објавува информации за изборниот процес со низа едукативни текстови на медиумската платформа. За дополнителни информации за изборниот процес и гласањето, ви препорачуваме да се информирате на следниот линк: https://vote.civil.org.mk/…

Мониторингот на ЦИВИЛ денеска, во изборен молк, бележи еден случај на пропагандна активност на одредена партија во општина во источниот регион, каде што, иако не е директна пропаганда на социјалните мрежи, се работи за мал партиски собир на јавно место, што е спротивно на принципите за почитување на изборниот молк.

Дистрибуција на флаери од една политичка партија во изборен молк се бележи во центарот на Скопје Регистрирани се 27 спонзорирани содржини со политичка реклама на Фејсбук од шест политички партии до 10 часот утрово. Една политичка партија објави видео со политички пропагандни пораки еден час по полноќ, откако настапи изборниот молк.

Две Фејсбук страници, блиски до одредена политичка партија, објавуваат пропагандни содржини во изборен молк.

Во периодот на изборниот молк, еден час по полноќ, се бележи и една објава со говор на омразата кон ЦИВИЛ и кон претставници на организацијата врз етничка и политичка основа. Во објавата на Фејсбук страницата веќе подолго време позната како извор на лажни вести и говор на омраза, имаше и голем број сериозни закани до организацијата и до животот на луѓето поврзани со неа. Објавата беше симната откако беше онлајн околу 10 или 11 часа, односно, при проверката во 10 часот утринава, таа објава веќе ја немаше.

Медиумската платформа на ЦИВИЛ на македонски и албански јазик редовно објавува информации од мониторингот на организацијата.

камера и монтажа: Ариан Мехмети