Тахири: Одржување на професионалниот интегритет на новинарот!

АРТА ТАХИРИ, новинарка

Слободата на изразувањето во секое општество е показател за тоа колку тоа може да биде демократско. Тоа е идеал за кој мора да се бориме секој ден, не е само една битка со рок, туку е безвременска!

Знаејќи дека не постои политичка партија или комерцијална компанија што не сака да има влијание врз медиумите, најголемиот предизвик во следната деценија ќе биде соочување со вакви тенденции за влијание и стоички став и одржување на професионалниот интегритет на новинарот!

 


По повод Светскиот ден на слободата на медиумите, сите содржини објавени на медиумската платформа на ЦИВИЛ на овој ден се достапни за објавување според лиценцата Creative Commons 4.0.