И во вториот изборен ден речиси сите политички партии продолжуваат да го кршат изборниот молк, со тоа што на Фејсбук сè уште им течат спонзорирани видеа со пропаганден материјал.
Една од предизборните коалиции вчера попладне ги стопираше спонзорираните објави на Фејсбук, но Мониторинг тимот на ЦИВИЛ бележи дека има уште една спонзорирана објава на еден кандидат за пратеник, која е сè уште активна.
Мониторинг тимот на ЦИВИЛ бележи дека една политичка партија има објавено 11 спонзорирани видео содржини на Фејсбук, и едно интервју од лидер на партија, за една национална косовска телевизија.
Тимот бележи дека една политичка партија има осум спонзорирани содржини, друга седум, останатите партии имаат по: три, три, две, една и една.
Една политичка партија во два наврати спонзорира партиски митинзи и говори.
Мониторинг тимот на ЦИВИЛ бележи 39 спонзорирани содржини, (во кои не влегуваат и вчерашните 8 содржини кои се веќе стопирани од една од колаициите).
Но, покрај официјалните Фејсбук профили на политичките партии или кандидати за пратеници, има и повеќе Фејсбук страници кои сонзорираат политички видео спотови кои се без нарачател, но, содржината е пред сè со црна пропаганда за одредена политичка партија.
Мониторинг тимот на ЦИВИЛ регистрира 12 спонзорирани видео содржини без нарачател во неколку Фејсбук страници.
За една партија се објавени 7 содржини со црна пропаганда од седум различни Фејсбук страници.
За друга политичка партија се објавени 3 содржини со црна пропаганда од два Фејсбук страници.
За една политичка партија има едно видео со црна пропаганда.
Во друг случај, на една Фејсбук страница е објавено спонзорирано видео со ексклузивни снимки со екстремно физичко насилство врз пратеник, на 27 април, 2017 год. во македонското Собрание.
Мониторинг тимот на ЦИВИЛ досега архивираше десетина спонзорирани пропагандни видеа и фотографии на политичките партии, но истите ќе ги објави по завршување на изборниот молк, односно по завршување на изборите.
Мониторинг тим на ЦИВИЛ