Деновиве ДУИ објави манипулативни содржини со стари вести од минатата година во полза на предизборната кампања. На профилот на Али Ахмети на 1 март се објавени две фотографии во кои се гледа дека лидерот на ДУИ се сретна со хуманистот од Косово, Халил Кастрати кој е популарен меѓу албанското население.
Од друга страна активисти на ДУИ и одредени портали, објавија видео каде премиерот на Албанија, Еди Рама, го поздравил Али Ахмети и го пофалил за Законот за јазици. Видеото, од разни профили, се пренесе како да е од последниот конгрес на Социјалистичката Партија која се одржа пред три дена.
Но, денеска вестите се покажаa дека биле стари и манипулативни. Изјавата на Рама била од ланскиот самит на дијаспората, а на годинешниот Конгрес на СП, Рама не кажал ниту еден збор за Ахмети.
И веста за средба со хуманистот од Косово Халил Кастрати се покажа дека на профилот на Али Ахмети се споделени стари фотофрафии од минатогодишната средба. Тимот на Кастрати во телефонска изјава за порталот АЛБАЗОНЕ демантирале секаква средба на 1 март и додале дека Кастрати овие денови се наоѓа во Лондон на средба со албанската дијаспора.
„Не, не, немал средба, бидејќи Кастрати овие денови се наоѓа во Лондон”, изјавил администраторот на официјалната страница на Халил Кастрати.
Арбен Зеќири