Веднаш по предвремените парламентарни избори на 15 јули 2020, уште во очекување на официјалните конечни резултати, веќе почнаа калкулациите за тоа кој со кого и како ќе формира Влада. Изборите, впрочем беа за избор на пратеници во Собранието, но како и секогаш се бираа партии, се бираше по функции и разно разни идеологии, се бираше по сопствена волја и демократски во услови на пандемија со мерки за заштита од Ковид-19...
Се разбира, се гласаше и се изгласа, со низа нерегуларности помали или поголеми. Но, какви пратеници ќе имаме во Собранието изгледа не беше многу битно, отколку кои министри од која партија во кои министерства ќе влезат и кој ќе биде на чело на таа институционална машинерија.
Па, каква Влада сакаат граѓаните, кој ќе ја формира и како таа ќе функционира? Во овој СКЕН - полиитчки видео магазин ги пренесуваме ставовите и анализите на професорката Мирјана Најчевска, универзитетската професорка Катерина Колозова, политичкиот аналитичар Петар Арсовски, колумнистот и политички аналитичар Сашо Орданоски, Џабир Дерала и Џевдет Хајредини.
Биљана Јордановска и Дехран Муратов