Во ова издание на СКЕН пренесуваме дел од сведоштвото на Велија Рамковски, сопственикот на телевизја А1 кој беше осуден на 13 години затвор од страна на режимот на Груевски.
На 25 декември 2010 година полицијата изврши упад во телевизија А1, една од најгледаните во Македонија. А1, особено со информативната програма, придонесе и во промоцијата и во заштитата на човековите права, во поддршка на ненасилно разрешување на конфликтите, особено на конфликтот во Македонија во 2001 година, во воспоставување на фер и демократски изборни процеси.
По повеќе од 18 години најстарата приватна телевизија престана да емитува програма на 30 јули 2011 година поради решението на АЕК на кое се повикува по член 62 став 1 алинеја 4 од Законот за радиодифузна дејност, бидејќи компанијата А1 телевизија ДООЕЛ – Скопје има отворено стечајна постапка. Познато е дека А1 се затвори заради конфликтот на тогашната власт на Груевски со уредувачката политика на телевизијата.
ЦИВИЛ ја организираше панел дискусија под наслов „Жртви на режимот – сведоштва и слики“, за да не се заборават злоделата на еден режим што цела деценија ја злоупотребуваше државата, а особено полицијата, судството и медиумите. Секој обид да се изрази поинакво мислење, го санкционираше со апсења, тортура, монтирани судски процеси и линч во медиумите и на социјалните мрежи.
Дијана Тахири во соработка со Дехран Муратов, Биљана Јордановска
Камера: Атанас Петровски
Монтажа: Владимир Перчуклиевски