Новиот Предлог – Буџет на Владата изнесува речиси 3.9 милијарди евра. Кој и колку ќе добие од буџетскиот колач и по кој основ ќе се трошат парите е тема на денешната епизода на СКЕН.
Премиерот Зоран Заев нагласи дека со овој Буџет ќе бидат задоволни сите гранки во општеството, додека министерката за финансии, Нина Ангеловска, тврди дека ќе имаме најниска каматна стапка за враќање на долгот.
Финансиски аналитичар и еден од првите министри за финансии во Македонија, Џевдет Хајредини, вели дека сме единствена држава што од Буџетот им се дава пари на партиски милитанти само да ги задоволат потребите на коалициониот партнер. Тој потенцира дека од 1998 година постојано имаме предвремени избори и фокусот се става да се задоволат социјалните сегменти, бидејќи носат повеќе гласови…
Поранешниот советник во Министерството за финансии, професорот Бранимир Јовановиќ, за Предлог-Буџетот за 2020 година вели дека со укинување на прогресивниот данок државата губи околу 40 милиони евра, а за да се надополни буџетот државата ќе треба да се задолжува… Тој смета дека зголемувањето на пензиите е последниот сегмент што треба да го спроведе власта, бидејќи има други поприоритетни работи.
Владата го достави Предлог буџетот за 2020 година во Собранието, пришто расправата се одвива во собраниската Комисија за финансирање и буџет. Поднесени се околу 350 амандмани од кои 314 се од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. По расправата се очекува Предлог-буџетот да биде ставен на усвојување на пленарна седница.
Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети
Соработници: Џабир Дерала, Маја Ивановска, Биљана Јордановска, Атанас Петровски, Диана Тахири, Ангела Петровска и Горан Наумовски
This post is also available in: English