Синани: Механизмите за контрола ја поместија перцепцијата за „црвените линии“

ИСМАИЛ СИНАНИ, директор на ТВ ШЕЊА

Брзиот развој на технологијата и неможноста за обичните смртници да ја предвидат нејзината насока на движење, придонесе до големо преместување на границите на слободата на медиумите.

Ако до пред 30 години се мислеше дека новинарите живеат во два света, во тој каде се под владеење на „црвената завеса“, и оние кои „се слободни”, последните години, секој ден повеќе се приметува дека и оние „слободните”, фактички не се слободни.

Поставените механизми за контрола со силна финансиска основа, ја преместија перцепцијата на водачите на медиумите, но и на новинарите во целост, за тоа кои се „црвените линии” кои не треба да се допираат, создавајќи со тоа едно силно чувство на автоцензура, но ако се анализираат подлабоко, се чувствува дека е диктирано од одредени кругови.

Дури, можеби звучи остро, но може да се каже дека актуелно, во оваа шареноликост на медиуми, имаме еден вид на „софт, полудиктатура“, но невидливо и тешко за аргументација. Бидејќи е таква, значи невидлива, никој не може ниту да обвинува некого дека навистина слободниот збор ја изгубил смислата.


По повод Светскиот ден на слободата на медиумите, сите содржини објавени на медиумската платформа на ЦИВИЛ на овој ден се достапни за објавување според лиценцата Creative Commons 4.0.